Vinar
 
 

Во виното е вистината

 
Разбудете ги сетилата и препуштете и се на природната идила близу до срцето на Скопје.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Контактирајте нè
 
 
 
 
Дозволете си задоволство какво заслужувате
 
 
 
 
 
 
Винска визба Винар
 
 
 
 
 
 
 
 
Што нудиме?
 
 
 
 
 
 
 
 
Квалитетни вина
 
 
 
 

 
 
 
 
 
Винарска визба
 
 
 
 

 
 
 
 
 
Сала за прослави и конференции
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Vinar
 
 

18

 
години традиција и квалитет
 
 
 
Vinar
 
 

50,000

 
литри висококвалитетно вино годишно
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

За нас

 

Нашата винарија

 
 
 
ВИНАР е винарска визба од Скопје, основана 2004 година. Производството на винарската визба ВИНАР е со годишен капацитет од 50,000 литри високо квалитетно вино. Сите вина се произведени од најквалитетно грозје со достигната технолошка зрелост по кое го носат името.

Произведени се по изворно традиционален пат и современа технологија со контролирана ферментација и посебна нега што овозможува овие вина да имаат природна арома, густина и совршена хармонија.

Во 2006 година ВИНАР започна со производство на високо квалитетни вина во дрвени француски „barrique“ буриња, со кое се овозможува вината на ВИНАР да се одликуваат со посебна препознатлива и уникатна арома.
 
 
 
 
 
 
 
 

Што нудиме?

 

Истражете ја нашата винарија

 
 
 
 
 

Винарија

 
 
 
 
 
 

Ресторан

 
 
 
 
 
 

Винарска визба

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Активности

 

Истражете ја нашата винарија

 
 
 
 

Прослави и конференции

 
Прославете ги Вашите најубави моменти во ресторанот на нашата винарија
 
 
 
 
 
 
 

Дегустација на вино

 
Уживајте во дегустација на нашите квалитетни вина
 
 
 
 
 

Прошетки во природа

 
Прошетајте низ нашата винарија и дознајте повеќе за процесот на производство на вино
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Нашиот асортиман

 

Нашите вина

 
 
 
 

CABERNET SAUVIGNON BARRIQUE 2007

 
Кабернет Совињон Барик е суво црвено вино со пурпурно црвена боја, дискретна овошна арома со траги на зачин, дрво, вишна, малина и суво овошје. Зреењето во дабови буриња го одликува со полно тело, добро избалансирани танини, хармонија, карактеристичен долг и елегантен продолжен вкус.


ШАМПИОН во категотрија на црвени вина - Агрофуд 2007
ГОЛЕМ ЗЛАТЕН МЕДАЛ - Royal Wine Challenge 2009, Кралски двор, Белград
Златен медал - Агрофуд 2007
Златен медал - Виноскоп 2007
Златен медал - Royal Wine Challenge 2010, Прага, Чешка
 
 
 
 
 
 
 

 
 
 
 
 

VRANEC BARRIQUE 2007

 
Квалитетно суво црвено вино со импресивна темнорубин боја, богат екстракт, специфична арома на шумски плодови проткаени со дискретна арома на даб и суви сливи.
Зреењето во даб го карактеризира со специфичен вкус на меки хармонични танини и уникатен продолжен вкус.

„GRAND PRIX“ - Виноскоп 2007
„GRAND PRIX“ - Виноскоп 2008
Златен медал - Виноскоп 2007 и2008
Златен медал - меѓународен саем Нови Сад 2008
Златен медал - Royal Wine Challenge 2010 Прага, Чешка
 
 
 
 

 
 

Мерло лимитед

 
Квалитетно суво црвено вино со интензивна рубин црвена боја. Се одликува со сортна карактеристика и арома на презреано грозје, мед и суви и карамелизирани шумски плодови. Допирот на виното Мерло и дабот му овозможува да се здобие со единствен вкус на шумско овошје, проткаено со тонови на дво, извонредно долг, пријатен, сладникав и хармоничен вкус, со елегантен долг завршен вкус (финиш).

Златен медал - меѓународен саем Нови Сад 2008
Сребрен медал - Агрофуд 2007
 
 
 
 
 
 
 

 
 
 
 
 

Сира барик

 
Квалитетно усво црвено вино добиено од истоимената сорта на грозје која се одликува со интензивна рубин црвена боја, лесно, полно со овошни субтропски и тропси ароми. Зреењето во даб го карактеризира со меки хармонични танини и продолжен овошен вкус.

ЗЛАТЕН МЕДАЛ - Royal Wine Challenge 2009 Кралски Двор, Белград
 
 
 
 

 
 

Ризлинг барик

 
Квалитетно суво бело вино со импресивна зелено-жолта боја добиено од истоимената сорта на грозје кое одликува со пријатна арома на свежуна и вкус на јужно овојшје. Зреењето на даб го карактеризира со меки хармонични танини и уникатен продолжен вкус.
 
 
 
 
 
 
 

 
 

Ризлинг рајнски

 
Квалитетно суво бело вино со импресивна зелено-жолта боја, богат екстракт, специфична арома која се карактеризира со специфичен вкус на меки хармонични танини.

Златен саемски глобус - Агрофуд 2005
Сребрен медал - категорија на бели вина Винофест Кавадарци 2005
 
 
 
 
 
 
 

 
 
 
 
 

Мерло

 
Квалитетно суво црвено вино со интензивна рубин црвена боја. Се одликува со сортна карактеристика и арома на презреано грозје, мед и суви карамелизирани шумски плодови.
 
 
 
 

 
 

CABERNET SAUVIGNON 2007

 
Суво црвено вино со пурпурно црвена боја, дискретна овошна арома на вишна, малина и суво овошје.

Сребрен саемски глобус Агрофуд 2005
Сребрена плакета Виноскоп 2008
 
 
 
 
 
 
 

 
 
 
 
 

VRANEC 2007

 
Квалитетно суво црвено вино добиено од одбрани насади на сортата Вранец, со темно рубин боја, богат екстракт, специфична арома на шумски плодови проткаени со дискретна арома на суви сливи.

Сребрен медал Виноскоп 2007
Бронзена плакета Агрофуд 2008
Бронзена плакета Виноскоп 2008
 
 
 
 

 
 
 
 

Контактираjте нè

 
*
 
*
 
*